Приватност и услови за користење

Со самиот пристап на интернет страницата Kreativno.mk и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

Kreativno.mk ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

Kreativno.mk ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Kreativno.mk не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни. Kreativno.mk не сноси одговорност за начинот на користење на овие податоци од страна на трети лица кои се огласуваат на страницата.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Kreativno.mk ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Kreativno.mk нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка.

Kreativno.mk нема пристап до податоците кои се приложуваат на трети лица кои се огласуваат на страницата, или пак, доставните служби.

3. ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Kreativno.mk страницата содржи или нуди производи на трети лица кои не се под контрола на Kreativno.mk. Нарачувањето на производи од трето лице, е на ваш сопствен ризик и волја. Kreativno.mk не е одговорен за веродостојноста на податоците, производите или услугите дадени од трети лица кои се огласуваат на страницата Kreativno.mk.