1. Регистрирајте се
За да направите продавница, најпрво направете свој профил. Кликнете на копчето Регистрирај се во горниот десен агол на страната и внесете ги вашите податоци за корисничко име и лозинка.
2. Најавете се
Откако сте креирале профил, Најавете се преку копчето во десниот горен агол на страната.
3. Пополнете го вашиот профил
Откако ќе се најавите, во горниот десен агол на страната кликнете на менито Профил -> Измени профил. Пополнете ги сите барани информации за вашата продавница: Подетален опис, контакт информации, како и профилна слика. Ви препорачуваме да ставите профилна слика од вашето лого, а доколку го немате – може да нè контактирате да ви помогнеме во неговата изработка, или пак да ставите слика од некоја ваша креација која најдобро ја опишува вашата работа.
4. Испратете производ
Откако ќе го комплетирате вашиот профил, кликнете на копчето Нов производ во горниот десен агол и внесете ги сите барани информации за вашиот производ. Кога ќе завршите кликнете на копчето Испрати. Доколку е правилно пополнет, ќе добиете порака со известување дека е испратен и откако ќе биде одобрен, ќе биде објавен.
5. Очекувајте нарачка
Кога ќе ја направите вашата продавница, купувачите може да го нарачаат вашиот производ преку платформата kreativno.mk, за што ќе добиете нарачка преку вашата е-маил адреса.
Заради тоа особено внимавајте да внесете точна е-маил адреса која редовно ја користите.
После тоа, нарачката ја извршувате како што тоа го правите вообичаено, преку служби за достава, по претходен контакт со купувачот.
Дополнително, во секое време можете да нè контактирате на info@kreativno.mk.
Ви благодариме на довербата