Компанијата Луна маркетинг и продажба започна со одржување на практични обуки за Бренд менаџмент. Оваа обука е наменета за дополнување, проширување и сублимирање на знаењата во областа на маркетинг и менаџмент. Уникатен концепт за раководење на деловното работење, преку раководење на својот бренд.

За кого е наменета:

  • За сите кои работат во маркетинг секторот
  • За сите кои водат сопствен мал бизнис
  • За сите кои сакаат да го дополнат своето знаење
  • За сите кои сакаат да изградат сопствен препознатлив бренд
  • За сите големи компании со голем број на вработени.

Обуката содржи 24 часа, во период од 4 седмици, или 3 пати седмично по час и половина. Опфатени се сите аспекти од менаџирањето на еден бренд, од креирање, до планирање и практична реализација на активностите. Предавач е менаџер со 18 години искуство во менаџирање брендови, во Македонија и интернационално. Часовите се онлајн, во попладневен термин, па може да се следат од било која локација.

За компании со поголем број учесници се нуди можност за формирање на посебна група и раководење на обуката според примери од компанијата. Се препорачува за сите вработени во маркетинг, менаџмент и продажба.

Исто така, за групни обуки, постои можност за презентирање на содржините на англиски јазик.

Контакт за пријавување на marketing@kreativno.mk