На Kreativno.mk ќе пронајдете најразлични производи од голем број продавачи.
Следните информации ќе ви помогнат за поедноставна употреба на страницата.

Регистрирање

Доколку сакате да направите ваш профил, кликнете на копчето Регистрирај се и внесете корисничко име и ваша лозинка.
Со креирањето на ваш профил имате можност да зачувувате производи во Листа на желби, како и да ги зачувате вашите податоци за поедноставно нарачување.

Нарачување

Кога ќе го одберете саканиот производ, со кликање на копчето Нарачај се отвара формуларот за внесување на вашите податоци за достава.
Притоа, може да се регистрирате, или да се најавите доколку сте се регистрирале претходно, и вашите податоци ќе бидат вчитани автоматски.
Доколку не сакате да се регистрирате, може да ги внесувате податоците при секоја нарачка.

Откако ќе кликнете на копчето Испрати, очекувајте да добиете порака за потврда на вашата нарачка на вашата е-маил адреса. Со неа се информирате дека вашата нарачка е испратена до продавачот и ќе биде процесирана во зависност од дадениот рок за испорака.

Доколку нарачувате повеќе производи од ист продавач во ист ден, ќе ви бидат испратени во една пратка.

Во дадениот рок, очекувајте да бидете контактирани телефонски во врска со испораката на вашата пратка.

Плаќање

Плаќањето на нарачаните производи се врши при преземање од доставните служби, во зависнот од нивната политика на наплатување во готово или со картичка. Ви препорачуваме да се информирате при телефонскиот контакт.

Задолжително чувајте ги документите од доставната служба додека не бидете сигурни дека испорачаниот производ е оној кој сте го нарачале.

Ви благодариме што купувате преку Kreativno.mk