Среќни ѕвездички во рамка

УНИКАТЕН ПОДАРОК - СРЕЌНИ ЅВЕЗДИЧКИ ВО РАМКА ИЛИ ВО ТЕГЛА
Израдувајте ги Вашите најмили со овој рачно изработен уникатен подарок, кој заедно со приказната за Хоши и среќните ѕвездички се спакувани во рачно изработени и украсени кутии.
Текстот, сликата и големината се по Ваш избор.

Значење за бројот на хартиени ѕвезди подарени на други и цена:

1 ѕвезда: Ти си мојата единствена љубов - 350 ден.
2 ѕвезди: Среќа и слога за парот - 400 ден.
9 ѕвезди: Ви посакувам љубов за цел живот - 450 ден.
55 ѕвезди: Ќе те сакам безусловно - 700 ден.
59 ѕвезди: Успех, напредок - 800 ден.
99 ѕвезди: Имајте безгранична љубов - 900 ден.
101 ѕвезда: Ти си единствениот во мојот живот - 900 ден.
129 ѕвезди: Ќе те сакам засекогаш - 950 ден.
365 ѕвезди: Ви посакувам благословена година - 1400 ден.
548 ѕвезди: Твојата бескрајна љубов кон мене - 2000 ден.
999 ѕвезди: Вечна љубов за тебе - 3500 ден.
10.000 ѕвезди: Десет илјади години љубов - 10.000 ден.

ХОШИ И ЛЕГЕНДАТА ЗА СРЕЌНИТЕ ЅВЕЗДИЧКИ

Еднаш, многу одамна, живееше едно мало девојче по име Хоши. Таа сакаше да ги гледа ѕвездите како трепкаат на ноќното небо.

Една ноќ, Хоши виде ѕвезда што паѓа. Се плашеше дека ѕвездите засекогаш ќе исчезнат. Хоши имаше идеја.

Почна да прави хартиени ѕвезди! Таа направи по една хартиена ѕвезда за секоја падната ѕвезда од ноќното небо. Хоши направи сто ѕвезди таа прва вечер. Ги стави во тегла. Но, сепак, таа беше несреќна. Теглата не можеше да собере доволно хартиени ѕвезди за сите паднати ѕвезди.

Хоши ги повика другарите да помогнат. Наскоро го заборавија бројот на хартиените ѕвезди што ги правеа и црното ноќно небо повторно блесна со ѕвезди. Децата скокаа од радост.

Загледана во ноќното небо, Хоши рече: „Кога правиме хартиена ѕвезда, ѕвездата што паѓа се спасува! Нашите хартиени ѕвезди се среќни ѕвезди!“

Оттогаш, од генерација на генерација, Јапонците ги виткаат среќните оригами ѕвезди и ѝ ги подаруваат на саканата личност со најдобри желби за среќа. Затоа што, хартиените ѕвезди се за постојаната светлина на небесните ѕвезди.

350 ден.
Цена со ддв
+трошоци за достава
Нарачај
  • Димензија: 15х20 см.
  • Боја: Разнобојно
  • Материјал: хартија, стакло
  • Рок на испорака: 1 ден
Рачна изработка

Коментари и прашања

За да оставите коментар или прашање треба да се најавите.

Предлог производи од KP Crafts:

Пребарување по: