Состојки

Тесто:
125 гр. Путер
130 гр. Брашно
130 гр. Шеќер
2 лажици Млеко
2 Јајца
1 кесичка Ванилин шеќер
5 Прехрамбени бои

Шлаг:
125 гр. Путер
200 гр. Шеќер во прав
125 гр. Маскарпоне сирење

Ќе ви треба и Калап за мафини (капкејкс).

Со миксер изматете го путерот со шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа додадете ги јајцата, па пак изматете. Потоа постепено додавајте брашното додека матите и на крај млекото.

Смесата поделете ја во онолку сада колку што имате бои и во секој сад ставете по една боја (може и сами да си правите бои како што сме учеле - жолта+сина=зелена, жолта+црвена=портокалова, црвена+сина=лилакова).

Во секое калапче за капкејкс ставајте едно по едно мало лажиче од секоја боја - може да ви бидат сите исти во бои како виножитото, или разни комбинации според ваша желба. После секоја боја израмнете го тестото. Наполнете ги калапите околу 3/4 од висината. Печете ги во загреана рерна на 200С околу 20 минути - или проверете со чепкалка, кога ќе ја боцнете треба да излезе сува.

За шлагот изматете ги пенесто путерот и шеќерот и потоа додајте го Маскарпонето. Со помош на готварски шприц направете куполи врз мафините.

Ако ептен сакате шлаг, а не ви се мати ваков, ставете шлаг пена или слатка павлака за матење.

Радувајте се!